Градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека актуелното раководство на СДСМ не се разликува со претходното.
„Една работа да расчистиме. Ова актуелно раководство на СДСМ и тоа претходно кое не се разликува, се завршена работа. Јас Димитриевски сум избран за движење ЗНАМ и моја обврска е да ги креирам идните политики на овој политички субјект. Дали е вистина дека Заев му дал ултиматум на Ковачевски, тоа треба да ги прашате нив…“, вели Димитриевски.
