Нова година е пред нас. Зарем не е прекрасно сите да бидеме малку понежни и потолерантни еден кон друг, да се сакаме повеќе, и да имаме малку повеќе емпатија?
Како што оставаме една година зад нас и преминуваме во следната, се надеваме дека новата година ќе ни донесе здравје, љубов и напредок, како и успешна и исполнета кариера и живот што го посакуваме.
Овие цитати сигурно ќе ве инспирираат да ја направите новата година најдобрата што може да биде – и во деловниот и во приватниот живот.
„Се надевам дека во оваа година што доаѓа ќе згрешите. Затоа што ако згрешите, тогаш правите нови работи, пробувате нови работи, учите, живеете, се туркате себеси, се менувате себеси, го менувате вашиот свет. Правите работи што никогаш претходно не сте ги направиле, а што е уште поважно, правете нешто“ –
Нил Гејман
„Крајот на годината не е крај, туку почеток на нешто ново. – Хал Борланд
„Утре е првата празна страница од книга која има 365 страници. Напиши добра книга“. – Бред Пејсли
„Еве до Нова Година и уште една шанса да ги исправиме нашите грешки. – Опра Винфри
„Нашата новогодишна одлука нека биде: ќе бидеме еден за друг како членови на човештвото, во најдобра смисла на зборот. – Горан Персон
„Напиши во твоето срце дека секој ден е најдобриот ден во годината“. – Ралф Валдо Емерсон
„Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме“. – Волт Дизни
„365 нови денови. 365 нови шанси“. – непознат автор
“Во Новата година никогаш не заборавајте да им се заблагодарите на изминатите години бидејќи тие ви овозможија да стигнете таму каде што сте денес! Без чекорите од минатото не можете да стигнете до иднината!” – Мехмет Мурат Илдан
“Ќе отвориме книга. Нејзините страници се празни. Ние самите ќе ставиме зборови на нив. Книгата се вика Можност, а нејзиното прво поглавје е првиот ден од годината”. – Едит Лавџој Пирс
„Еден оптимист останува буден до полноќ за да види што носи Новата година. – Вилијам Е. Вон