Ова видео беше забрането на YouTube во 2011 година – денес е хит на Тик Ток

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во последниве месеци, социјалната мрежа Тик Ток имаше моќ да воскреснува заборавени песни и да прави хитови од песни кои никогаш не биле популарни.

Во последните денови апсолутен хит на Тик Ток се делови од песната „Maslačak“ која групата Magazin ја објави пред повеќе од десет години.

Видеото „Maslačak“ тие денови предизвика различни реакции во јавноста, а два дена откако беше објавено на „Јутјуб“ беше отстрането поради несоодветна содржина. YouTube го врати видеото на каналот Magazine, но за да го погледнете видеото, потребно беше да потврдите дека имате над 18 години.

Во видеото Андреа Шушњара се појавува во улога на домино дама и мачи и полива бензин врз човек врзан за стол. Десет години подоцна, сцените се прилично бенигни, а песната е апсолутен хит меѓу децата на Тик Ток.