Оваа година ќе се градат две градинки во општина Гази Баба. Ова го најави самиот градоначалник на општината, Бобан Стефковски, но ниту една од нив нема да биде во селото Синѓелиќ.
Во оваа населба жителите повеќе од една деценија чекаат изградба на градинка со паралелка а албански јазик. Тие се жалат дека во ова село не се работи ништо а дека е повеќе од потребно да се изгради детска градинка.
-100 пати ветија не само градинка туку се, а ништо не се прави, не знам што е проблемот, ни треба, знаат ли колку жители има Синѓелиќ? Баравме, доставивме неколку барања но тоа треба да го направат институциите, одговорните што ги имаме избрано, тие треба да работат.
-Нормално дека има, нормално, нема кој да работи и кој да инвестира, корумпирани со еден збор, само ветуваат и ништо.
Родителите решение бараат во најблиските градинки на македонски јазик или во другите градинки во Скопје. Пред изборите во 2017 екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски вети изградба на две градинки, во Стајковци и Синѓелиќ, но до сега е изградена само таа во Стајковци.
