Доколку на вашата рерна и е потребно чистење, а мака ви е на долгочасовно рибање, една мајка открила трик како да ја исчистите рерната без мака, и тоа додека спиете.
На својот профил на „ТикТок“ постави видео во кое објаснува како да ја исчистите рернтата од три состојки кои секој ги има дома – сода бикарбона, вода и средство за миење садови.
Во еден сад се мешаат пола шолја сода бикарбона, една лажица средство за миење садови и вода. Таа смеса ја нанесувате на рерната, и оставате да делува преку ноќ. Следното утро само бришете со крпа отстранувајќи ја целата смеса.
Потоа може да поминете и со алкохолен оцет како дополнителен начин на чистење.
@mama_mila_ Oven cleaning made easy ✨ follow for more home tips and tricks ✨ #cleaningtiktok #cleaninghacks #homehacks #homerefresh #cleaningtips
