Според Lonely Planet, австралиската авиокомпанија Qantas е прогласена за најбезбедна авиокомпанија од AirlineRatings, водечката веб-страница што ја прегледува безбедноста на авиокомпанијата. Ова признание Qantas го добива трета година по ред.
Во својот годишен преглед, страницата ги наведе 20-те најбезбедни авиокомпании, а оваа година беше вклучен и факторот за заштита од коронавирусот.
При изборот, беа земени предвид многу фактори, од кои некои беа возраста на возниот парк, финансиската стабилност, деловните резултати, обуката на пилотите и културата на персоналот.
По Австралијците, на второто место се најде Катар ервејс, а „бронзената“ му припадна на Ер Нов Зеланд. Во првите десет сепак се најдоа, по ред; Сингапур ерлајнс, Емирати, ЕВА ер, Етихад ервејс, Алјаска ерлајнс, Катај Пацифик ервејс и Бритиш ервејс.
„Австралиската компанија „Qantas“е призната како најискусна авиокомпанија во светот“, рече Џефри Томас, главен уредник на „AirlineRatings“. Тој додаде дека Qantas е меѓу водечките компании во секој голем оперативен напредок во последните 60 години и немал смртни случаи во ерата на авионите. Особено се пофалени за однесувањето кон пилотите, кои се враќаат на работа по закрепнувањето од коронавирусот.
Оваа година, протоколот што се однесува на ковид-19 беше особено оценет, во низа мерки – податоци на веб-страниците на авиокомпаниите, обезбедување заштитни маски, сервирање оброци, длабоко чистење на авиони, обезбедување средства за дезинфекција …
Во секој случај, ако летате со која било од наведените компании, не треба да очекувате никакви проблеми.
