Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, изгуби гласање за доверба, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари.
Од вкупно 717 гласа, 207 пратеници му изразиле доверба на Шолц, 394 гласале против, додека 116 биле воздржани. На Шолц му беа потребни 367 гласа за доверба за да го „преживее“ гласањето.
„Дојдовме до крајот на агендата, но и до крајот на коалицијата на семафорите“, рече претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, користејќи го прекарот на сега распуштената тричлена коалиција. Шолц реагираше на резултатите со насмевка, ракувајќи се со вице-канцеларот Роберт Хабек.
Сега канцеларот ќе оди во Берлин за да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише општи избори.
Резултатот од гласањето беше очекуван бидејќи владата на Шолц повеќе нема мнозинство во парламентот.
