Португалскиот парламент синоќа изгласа недоверба на Владата, по само 11 месеци владеење со земјата. Со тоа најверојатно ќе има предвремени парламентарни избори, трети во последните три години.
Гласањето за недоверба ја побара премиерот Луис Монтенегро откако опозицијата го доведе во прашање неговиот интегритет во врска со работењето на консултантската компанија што тој ја основаше и сега управувана од неговите синови. Компанијата има договори со приватни фирми. Тој ги негираше обвинувањата.
Претседателот Марсело Ребело де Соуса ќе одлучи дали ќе распише нови избори по консултации во следните неколку дена. Тој рече дека нови избори би можеле да се одржат во средината на мај.
