И додека се уште има објекти од Скопје 2014 кои не се довршени, на некои веќе почна да им паѓа фасадата.
Фасадата која граѓаните најскапо ја платија е таа на Владата, но истата почна да паѓа. Барокниот стил на владината зграда чинеше 17.70 милиони евра, а Обвинителството за организиран криминал и корупција веќе издаде налог за истражна постапка за фасадата на владината зграда,
За оштетувањето на владиниот објект, реагираше и потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
„Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…“, напиша Стефан Богоев.
Меѓутоа не е само зградата на Владата кој почна да се оштетува.
„Како што изгледа истото се случува и со зградата на ОЈО. Околу зградата се поставени хартии на кои пишува дека е забрането движењето во близина на фасадата бидејќи истата може да падне“, вели репортерката на ТВ21.
Зградата на Основното обвинителство е со површина од 9620 метри квадратни а нејзината изградба чинеше 14.734.199 евра. Проектот Скопје 2014 е проект кој чинеше стотици милиони евра. Почетната сметка за овој проект беше најавено дека ќе изнесува 80 милиони евра но сега веќе надмина 600 милиони евра.
