Пакистан: Земјотрес го погоди градот Кетa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го потресе поширокото подрачје на пакистанскиот град Кета, но засега нема информации за штетите.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 32 километри северо-источно од Кета, на длабочина од 10 километри, јави АП.

По земјотресот со интензитет од 5,4 степени, голем број Пакистанци излегле на улиците.

Силен земјотрес што ја погоди Кета во 1935 година целосно го уништи овој град.