Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По прашање од модераторот за тоа дали Договорот од Вашингтон е на некој начин основа за продолжување на разговорите меѓу Косово и Србија, заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 посочи дека тој е различен од Бриселскиот договор и дијалог.

„Договорот во Вашингтон си е посебен. Се надополнуваат. Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС. САД го поддржува процесот и сака да соработува со страните, со ЕУ, со земјите членки со цел да се постигне договор за целосно нормализирање“, посочи Палмер.

Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: