Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 истакна дека Европската Унија го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и сака да ја олесни целата постапка.
„Мирослав Лајчак го предводи тоа во името на ЕЕАС. Се здруживме со ЕЕАС. Ја поддржувам улогата на Лајчак во процесот на дијалогот. Пред само 2 недели јас и г. Лајчак патувавме заедно од Приштина во Белград и се сретнавме со лидерите во Приштина, со лидерите во Белград и тоа беше силен визуелен доказ за трансатлантската солидарност во врска со ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат, ќе најдат заеднички точки и заедно ќе работиме за напредокот“, посочи Палмер.
На прашање на модераторот за тоа дали се предложени заеднички точки во Договорот во Вашингтон, Палмер вели дека со тој договор се нудат корисни елементи со цел нормализација на економските односи меѓу Белград и Приштина.
„Договорот во Вашингтон нуди корисни елементи за да се нормализираат економските односи помеѓу Белград и Приштина, но се прават и поголеми напори за нормализирање во поширока смисла преку процесот на дијалог олеснет од ЕЕАС и поддршката на САД“, порача Палмер.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.
