Палмер, Заев, Ципрас, Ѓукановиќ и Фуере застанаа пред камерата на ТВ21 во рамки на Преспа форум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 1-2 јули во Отешево и Охрид се одржа настанот Преспа форум за дијалог во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

На овој настан присутни беа високи претставници на ЕУ и САД, претседатели на држави, премиери, министри од регионот и земји-членки на ЕУ, но и претставници од меѓународни организации.

На импресивната листа на гости беа и заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере кои застанаа пред камерата на ТВ21 и одговараа на нашите прашања околу иднината на Западен Балкан.

Екипата на ТВ21 повеќе од три дена престојуваше во Преспа и Охрид од каде ги реализираше сите интервјуа.

За време на Преспа форумот за дијалог на терен беа 4 камери, 5 новинари и тим сниматели со цел атмосферата директно да ја пренесеме на малите екрани.

Во продолжение сите интервјуа:

  • Интервју со Алексис Ципрас
  • Интервју со Метју Палмер
  • Интервју со Мило Ѓукановиќ
  • Интервју со Зоран Заев
  • Интервју со Ерван Фуере