Папата Франциск се заблагодари на лекарите кои му го спасија животот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциск денеска им се заблагодари на членовите на медицинскиот тим кои му го спасија животот за време на неговиот петнеделен престој во болницата Гемели поради билатерална пневмонија, зборувајќи тивко, но дишејќи без кислород за време на состанокот во Ватикан.

Утрово тој се сретна со околу 70 лекари и персонал од римската болница Гемели, каде што се лекуваше 38 дена, пренесува Ројтерс.

„Ви благодариме за услугата во болницата. Многу е добро. Продолжете така“, рече папата Франциск.