Папата Франциск: Вештачката интелигенција предизвикува сериозна загриженост за иднината на човештвото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциск денеска ги повика политичките, економските и деловните лидери на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека технологијата може да ја влоши растечката „криза на вистината“.

Во писмената порака прочитана на годишниот состанок во швајцарскиот зимски центар, кој оваа година делумно е фокусиран на вештачката интелигенција, Папата ги пофали можностите на технологијата, но рече дека таа предизвикува и „сериозна загриженост“ за иднината на човештвото.

„Резултатите што вештачката интелигенција може да ги произведе речиси не се разликуваат од оние на човечките суштества“, рече Франциск.

За да се справат со сложеноста на вештачката интелигенција, владите и компаниите мора да ја користат внимателно и претпазливо, рече кардиналот Питер Турксон, официјален претставник на Ватикан, во изјавата прочитана во негово име на состанокот во Давос.