Папата Лав ги критикуваше националистичките политики на неделната миса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Лав денес го критикуваше „несреќниот“ изглед на националистичките политички движења, без да именува ниту една конкретна земја или национален лидер.

Лав првиот папа од Соединетите Американски Држави, се помоли на денешната миса пред десетици илјади верници на плоштадот „Свети Петар“ Бог да „отвори граници, да урне ѕидови и да ја избрка омразата“, објавува Ројтерс.

„Нема простор за предрасуди, за „безбедносни“ зони што нè одделуваат од нашите соседи, за исклучив начин на размислување што, за жал, сега го гледаме како се појавува во форма на политички национализми“, рече врховниот поглавар на Римокатоличката црква.