Папата Лав XIV денес апелираше за итен прекин на огнот во војната против Иран, предупредувајќи дека „страшното насилство“ одзеде илјадници невини цивилни животи и предизвика огромно страдање низ целиот Блиски Исток, и дека ситуацијата во Либан предизвикува „голема загриженост“.
Папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот во ескалацијата на војната против Иран, осудувајќи го „страшното насилство“ за кое рече дека убило илјадници цивили и предизвикало страдање низ целиот регион, објави Ројтерс.
„Веќе две недели, народите на Блискиот Исток страдаат од ужасното насилство на војната“, рече папата за време на неделните молитви на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
