Папата Лав XIV со апел за крај на војните и траен светски мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во своето денешно обраќање Папата Лав XIV до верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги повика водечките светски сили да престанат да водат војни.

Новоизбраниот папа апелираше и за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници, објави Ројтерс.

Лав XIV, исто така, го поздрави најновиот прекин на огнот постигнат меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се молел на Бога да му даде на светот „чудо на мирот“.