Првата судијка на Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 јавно проговори за критичната состојба во македонското судство.
Таа истакна дека финансиските средства што се бараат не се наменети само за платите на судиите, туку се неопходни за функционирањето на целиот систем.
„Парите кои се бараат не се само за плати на судиите, туку за се во судството“, нагласи Николоска, укажувајќи дека институцијата со години се соочува со кадровски и материјални недостатоци. Според неа, недостасуваат обвинители, судии, дактилографи, па дури и основни ресурси за редовно извршување на судските постапки.
Николоска откри дека постоеле моменти кога судството буквално било парализирано поради банални, но критични проблеми.
