Иако приходите за 6 месеци изнесуваат а7.467.179,00 денари, ЈП Градски паркинзи во Тетово, за првите шест месеци од 2021 бележи загуба од 1.362.870 денари.
Претпријатието дури побарало и кредит за покривање на загубите, но се уште немаат одобрение од банките. Освен приходите од наплата на паркинг, ова претпријатие има приходи и од Пајак службата. За само 6 месеци кренати се 1000 автомобили и се блокираник околу 3000 други, но повторно тоа не е доволно за платите на 60 вработени и за трошоците на претпријатието. Од таму загубите ги правдаат со пандемијата, бидејќи според нив, движењето на граѓаните било ограничено.
„Ние како претпријатие од Општинскиот совет побаравме одобрение за барање за кредит во вредност од 6.000.000,00 денари, добивме одобрение од Општинскиот совет Тетово, и од Министерството за финансии, но се уште немаме одговор од банките. Се надеваме дека со проширувањето на новите зони во градот, претпријатието ќе има позитивни резултати“, велат од ЈП Градски паркинг Тетово.
Често пати се случува граѓаните да ги оштетуваат блокаторите на автомобилите , што претставува голем трошок за претпријатието, затоа се размислува за воведување дополнителна казна.
„Се додаваат три категории кои се однесуваат на оштетување на блокаторите, клучевите итн, значи се воведува нов ценовник за нив, бидејќи немало воопшто. Зависно од штетата, но штетата изнесува 5500 денари, оштетувањето е 2 илјади денари а оштетувањето и неплаќањето, 3000 денари“, додава Беким Мемети.
И од претпријатието Градски паркинг работејќи со загуба, пред неколку месеци отвори конкурс за вработување на 8 нови вработени.
