Парламентот на Грузија започна процедура за избор на претседател, протестите и натаму траат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грузискиот парламент утринава ја почна процедурата за избор на претседател на земјата од страна на изборен колегиум составен од 300 пратеници, членови на врховните совети на автономните провинции Аџара и Абхазија и претставници на локалните администрации.

Владејачката партија Грузиски сон го предложи пратеникот Михаил Кавелашвили за единствен кандидат за шеф на државата.

Изборите ги спроведува Централната изборна комисија на Грузија.

На почетокот на седницата, претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на гласачите детално им ја објасни постапката за избор на претседател, пренесува Интерфакс.

Полицијата од утрово е распоредена во парламентот, а на неколку стотини метри на плоштадот Слобода има полициски специјалци и водени топови, наведува агенцијата.

Учесниците на протестот, кој трае веќе 16 дена и кој уследи по одлуката на премиерот Иракли Кобахиџе да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, се собраа во мали групи во близина на парламентот, а средбата засега се одвива мирно, соопшти агенцијата.