Партиски лидер во Турција може да добие пет години затвор поради навреди кон Ердоган

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Турција почна судењето против лидерот на опозициската Партија на победата, Умид Оздаг кој би можел да добие 5 години затвор поради јавни навреди искажани кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Оздаг денеска се појави на суд за да одговори на обвиниенијата, според кои може да заработи максимална казна затвор од 4 години и осум месеци.

На денешниот состанок присуствуваа претставници на Партијта на победата и други помали опозициски партии.

Според обвиниението, Оздаг ја повредил честа и достоинството на претседателот Ердоган со зборовите кои ги употребил за време на состанокот на партијата на 19 април.