Партиски реакции за Ристоска – за СДСМ политички притисок, за ВМРО-ДПМНЕ политички перформанс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од СДСМ обвинуваат дека новиот јавен обвинител Савески работи по нарачка на премиерот Мицкоски, кој од говорница му задава задачи на обвинителот.

„Прво со случаите поврзани со Мијалков и бомбите, а сега и со одземањето на предметите за имотот на ВМРО-ОКГ. Случаите познати како „Талир1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска бела палата на ВМРО-ОКГ. Значи ова е чекор кон спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа“, вели Александар Саша Димитријевиќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оставката на обвинителката Ристоска според нив била политички перформанс со цел да се претстави како жртва.

„Ристоска зборува за ослабување на институции, но токму таа беше дел од тоа и ваквото однесување со условување на сопствениот ангажман со функција е суштински проблем, кој со години ја уништува довербата во правосудниот систем. Особено е индикативно што одлуките кои ги критикува доаѓаат во момент кога конечно се воспоставува ред и се применува правото“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Ристоска се повлече од обвинителската функција, откако државниот обвинител Савески и ги одзема ингеренциите за двата случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.