Патиштата кон планинските села во Тетово непроодни – Касами од САД пишува дека се исчистени!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патиштата кон планинските села во Тетово непроодни поради интензивните врнежи од снег.

На влезот на Шипковица сретнавме граѓани кои ставаа зимска опрема на своите возила…

„Се наоѓаме во селото Шипковица. Ова е најтешкиот пат за искачување до селата на Шара, но како што може да се забележи од снимките, овој пат сега за сега е непрооден“, вели репортерот на ТВ21.

Ниту нашата екипа, ниту пак локалните мештани не можеа да се пробијат до Шипковица.

-Не, не може да се помине.

-Го исчистија патот?

-Не.

-Имаме нови гуми, синџири и пак не може да се пробиеме… Патот е непрооден. Селата горе, Тетово, Попова Шапка ништо не е исчистено. Нормално дека се чувствуваш небезбедно, се случуваат сообраќајки, сѐ може да се случи. Што да ви кажам. Тие си знаат. Секоја партија која и да дојде на власт е сѐ полоша. Што да ви кажам. Патот треба да се исчисти… има и други села горе… Што да кажам…

-Воопшто. Ги ставивме синџирите, имаме и зимски гуми… Сите даноци ги плаќаме. Воопшто, затоа сите избегавме од тука.

-Не, не.

-Еве како што гледате. Воопшто не сме задоволни.

Но, според градоначалникот на Тетово, Касами, на патиштата нема никаква пречка и уверува дека сите се проодни. Тој во моментов се наоѓа во посета на САД, но се огласи преку Фејсбук статус.

„Нашите екипи се на терен за расчистување на патиштата од ❄️ снежните врнежи. Интервениравме на целата територија на општина Тетово, на висорамнините и во градот за да им овозможиме на граѓаните проодни и безбедни патишта без пречки“, вели Биљал Касами.

На снимките може да се види дека ниту патниот правец Тетово-Попова Шапка не е исчистен.

Главните улици во Тетово се исчистени од снег, но истото не може да се каже и за споредните и улиците низ населбите.