Патот Битола – Ресен повторно затворен поради протест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Магистралниот пат Битола – Ресен кој што оди преку т.н. обиколница, одново е затворен поради протест на жителите на Баир. Тие веќе неколку пати протестираат и бараат да им биде обезбедена струја.

„Oд 12:45 ч. на магистралниот пат А-3, Битола – Ресен, кај м.в. Баир, поради протест на месното население, се врши пренасочување на сообраќајот преку градот Битола.“, информираат од АМСМ.