Косово пред две недели ги започна работите на патот Призрен-Тетово, додека во Македонија се уште не е помината ратификацијата на договорот за објавување на тендер. Градоначалникот на Тетово, кој доаѓа од владината коалиција ВРЕДИ, Билал Касами, ова го оправдува со заминувањето на пратениците на годишен одмор, притоа додавајќи дека на ова прашање ќе се работи штом Собранието ќе почне со работа.
Собранието беше на летен одмор, верувам дека во моментот кога пратениците ќе се вратат, ќе продолжи процедурата за ратификација на договорот во Собрание. Известени сме дека зм.министерот за транспорт, Зеколи, била на посета во Косово, при што е разговарано и за последните детали на продолжувањето на постапката за тендер за тунелот, вели Билал Касами, градоначалник на Тетово.
Прашан дали Владата ќе одвои буџет за патот Тетово-Призрен, Касами рече дека буџетот ќе го обезбеди општината, а помош очекува од ЈП Државни патишта.
Првично ќе продолжиме како општина Тетово со поддршка на Владата да го правиме нашиот дел од инвестицијата што е поврзана од клучката кај Попова Шапка до влезот на тунелот, вели Билал Касами, градоначалник на Тетово.
Новинар: Ќе има ли буџет во 2025 година за овој пат?
Касами: Можам да гарантирам дека за дел од овој пат ќе се издвои буџет од општина Тетово, но во соработка со државното претпријатие ќе видиме дали овој буџет е доволен .
Патот Тетово-Призрен ќе чини 200 милиони евра. Половина од парите треба да ги даде Република Косово, а половина Република Северна Македонија.
Косовскиот премиер Албин Курти на 14 август преку Фејсбук објава информираше дека почнаа работите на патот Призрен-Тетово кој, како што напиша, ги поврзува овие два историски града на две соседни земји, со особено значење и за граѓаните и за стопанството.
