Патот Тетово – Призрен останува само желба – Бочварски: Се разгледуваат придобивките, а потоа проектот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патот Тетово-Призрен останува само желба. Владата има план, но градежните активности на терен тапкаат во место. На секоја владина средба, при секоја изборна кампања, но и на секоја средба со жителите од тетовско, едно од главните ветувања е токму реализирањето на овој проект. Но, што вели министерот за транспорт и врски?

И на последните парламентарни избори што се одржаа пред една година беше ветено отворање на овој пат. Тогаш кандидатот од редовите на ДУИ, вети изградба на патот.

„Изградбата на патот Тетово-Призрен е капитален проект кој има суштинско значење, не само за Полошкиот регион, туку и за целата земја. Реализирањето на овој проект има посебна важност за економскиот развој на оваа зона, а ќе придонесе и за трговската размена меѓу двете земји“, истакна Бајрам Реџепи.

И првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека на оваа тема разговарал со косовската Претседателка Вјоса Османи. Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми во неколку наврати рече дека се преземени конкретни чекори. Но, од друга страна пак, министерот за инфраструктура на Косово, Либурн Алиу со став дека црвената лента за овој пат нема да биде пресечена во овој мандат. Автопатот останува приоритет на Владата и ветување во партиските платформи, но сепак без никаков резултат на терен.