На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица. Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 06.03.2021 во 21.35 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат при извршена контрола на угостителски објект на ул. Балиндолска во Гостивар, сопственост на М.Н.(55) од Гостивар констатирале дека објектот работел по дозволеното работно време, односно не се придржувал до пропишаното работно време при што во објектот имало присутни гости. Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
