Пазарната инспекција низ Македонија на терен – маска од 10 денари сега се продава по 30 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По вонредната седница на Владата, на терен итно излезе во контрола Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови. Резултати од проверката низ целата држава ќе има за неколку денови, но велат дека покачување на цените има.

Продавачите велат дека цената е зголемена бидејќи зголемена е и набавната цена на заштитните маски кои претходно се продаваа по цени до 10 денари, а сега една иста таква маска чини повеќе од 30 денари.

Маски со лого на познаите брендови во последниов период започнаа да се шират и преку кампањи на социјалние мрежи. По ова Фејсбук најави дека ќе ги запре сите реклами кои се лажни во овој период на брзо ширење на смртоносниот – коронаврус.

Рускиот претседател Владимир Путин им се закани на аптеките дека ќе им ги одземе лиценците ако ги поскапат најнеопходните производи.