Педофил уценува 12-годишно девојче – мајката на малолетничката бара реакција од институциите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И побарал разголени фотографии, а кога малолетното девојче не ги испратило, извадил фотографии и видеата од нејзиниот профил на социјалните мрежи и почнал да ги објавува со натписи и навредливи текстови.

На овој начин, педофил од Тетово уценувал 12-годишно девојче од Косово, за да добие фотографии од  малолетничката. Пораките на социјалната мрежа „Тик-Ток“ покажуваат дел од комуникацијата, каде лицето бара фотографии, и го бара и акаунтот на апликацијата Snapchat или во спротивно ќе продолжи да објавува фотографии и видеа на други социјални мрежи со лажен профил, но со име на малолетното девојче.

И така направи. Еве едно видео украдено од профилот на девојчето и објавено со непристојни зборови, кои поради етички причини ги покриваме. ТВ21 го знае идентитетот на педофилот, но не го објавуваме поради презумпција на невиност.

Чувствувајќи се под притисок, 12-годишното девојче за проблемот кажала на својата мајка, која потоа стапи во контакт со ТВ21 и со органите на редот во нашата држава. Сакајќи да го заштити својот идентитет, а со тоа и на ќерката, мајката раскажува за случајот од кој и таа се засрамила.

„И се закани на девојчето кое ми кажа за проблемо и се засрамив кога прочитав какви грди зборови напишал,  девојчето поцрвене и немаше поим што бара, а мене ми е многу тешко, а колегите на работа ми помогнаа да откриеме кој е тој“.

-Според ова што ми го кажавте, тој побарал разголени фотографии од девојчето. Колку години има девојчето?

„12 години“.

– Дали сфатило девојчето што бара тоа лице и какви закани добивало?

„Отпрвин не разбираше, но читаше и дознала повеќе, сега цела вечер не спие, се плаши да излезе, само сака да остане блиску до мене, трауматизирана, кратко кажано“.

Според тврдењата на мајката на девојчето, педофилот ги споделил фотографиите на малолетничката на неколку социјални мрежи, инсистирајќи да ја постигне целта.

„Не, не, таа не му праќала фотографии, но тој и го копирал профилот и напишал валкани зборови на „Тик-ток“, „Јутјуб“ и и рекол ако не испрати повеќе фотографии или видеа, ќе споделувам уште повеќе  на „Инстаграм“, „Фејсбук“, насекаде. На почетокот не можев да верувам, ми беше многу тешко пред девојчето, многу е тешко“.

Мајката на малолетничката сакала да го објави случајот во јавноста со единствена цел да спречи други случаи кај други деца, кои секојдневно се мета на педофили.

За неа, како што вели, животот веќе е не е ист, но апелира до сите родители да бидат повнимателни кон децата кога ќе им дадат мобилни телефони.

„Премногу ми е тешко, но сакам да објавам јавно за да не им се случи на други девојчиња“

– Дали мислите дека оваа личност уценува и други девојчиња?

„Да, објавија и други девојчиња“.

– Што би им порачала на татковците и мајките?

„Мора да ги проверуваат мобилните телефони, бидејќи некои девојчиња не зборуваат, го кријат тоа што им се случува“.

Мајката од Косово се надева дека македонските власти ќе го решат случајот.

„Јас би сакала тој да биде во затвор, бидејќи е многу сериозно, утре или задутре може да стане уште полошо“.

ТВ21 ќе продолжи да го следи овој случај, барајќи од органите на прогонот одговор што ќе преземат за расчистување на случајот и евентуално казнување на овие лица, според законите за ваквите кривични дела.