СНИМКА од пејачката Тејана Тејлор направена за време на Мет Гала стана хит на социјалните мрежи.
Тејана на овогодинешниот престижен моден настан, посветен на покојниот моден дизајнер Карл Лагерфелд, пристигна во многу тесен фустан кој и создаваше тешкотии.
@alaskacore You better jump queen 🦄 #metgala2023 ♬ america has a problem x 1991 – 𝘢𝘤𝘵𝘰𝘳𝘰𝘭
Пејачката едвај се качила по скалите, а на интернет кружат видеа од нејзиното скокање за да стигне до врвот. Откако се искачила неколку скали, паузирала, а колешката ја држел за рака.
„Не разбирам зошто некој носи ваков фустан, но не разбирам и зошто е ова толку смешно“, е еден од коментарите под видеото објавено на TikTok.
