Пекинг го обвинува САД за закани со бомба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Кина, ја обвини американската влада за наводни закани за поставување на бомба во кинеската Амбасада во Вашингтон.

„Налогот на САД кинескиот конзулат во Хјустон да се затвори, претставува „унапредување“ во „политичкиот притисок“ против Кина, рече во средата портпаролката Хуа Чининг, додавајќи дека Амбасадата на Кина во Вашингтон примила неколку закани со бомба и смрт како „резултат на омраза која ја поттикнала американската влада“.