На ден 24.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 1 пожар е под контрола, а 10 пожари се изгаснати.
Активни: 2
Општина Велес: помеѓу с. Раштани и с. Превалец (ниска вегетација);
Општина Струга: наспроти фабриката „Магна“ (ниска вегетација и грмушки).
Под контрола: 1
Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (Општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (Општина Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснати: 10
Општина Куманово: депонија Краста (депонија);
Општина Струмица: с. Габрово (депонија);
Општина Врапчиште: с. Санакос (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација и стрниште);
Општина Радовиш: с. Калаузија (ниска вегетација);
Општина Могила: с. Могила (ниска вегетација и стрниште);
Општина Битола: помеѓу с. Лавци и с. Брусник (ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Мало Коњари (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: помеѓу с. Врапчиште и с. Топлица (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Сарај (ниска вегетација).
