Пекинг од 1 мај забранува продажба и употреба на дронови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градските власти на кинескиот главен град Пекинг, усвоија низа уредби со кои се забранува купувањето и летањето со дронови кон крајот на март, иако на граѓаните долго време им беше забрането да ги користат леталата во градот.

Онлајн купувањето дронови е оневозможено за адреси во Пекинг, а продавачите тврдат дека мора да се ослободат од сите залихи до утре.

Дроновите сè уште ќе можат да ги користат универзитетите, истражувачките институти и службите за јавна безбедност, додека сите други корисници ќе мора да добијат дозвола од полицијата.

Прекршувањето на мерката е казниво со парична казна од околу 62 евра и можна конфискација на леталото.

Кинеските компании доминираат на глобалниот пазар за цивилни дронови, што предизвикува загриженост во земји како Соединетите Американски Држави (САД), каде што Федералната комисија за комуникации забрани нови модели на странски дронови.

Безбедносните ограничувања во Пекинг се честопати построги отколку во другите делови на Кина.

Кина претходно им забрани на возачите на „Тесла“ да ги паркираат своите возила на одредени владини објекти, вклучително и на аеродромите, поради сомневања дека автомобилите се опремени со камери за шпионажа.