Пендаровски: Господа од Албанија, повелете напред – Милановиќ: Како би било ние да го спориме босанскиот јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патот и проблемите со кои се соочува нашата држава кон Европската унија беа главен фокус на средбите кои ги има претседателот Стево Пендаровски во дводневната посета тука во Загреб. Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ уште еднаш ја потенцираше поддршката за Македонија од  Хрватска за почеток на преговори со ЕУ. Изјавата дека македонскиот јазик е бугарски на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш ја оценија како невнимателна и дека е дадена од незенаење.

„Од историчари кои се бават со политика полоши се само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи. Јас навистина искрено жалам за длабоко погрешната изјава за португалската министерка, која во суштина ги поткопа сите напори кои нејзиниот колега од истата Влада, Да Силва ги правеше месеци наназад, за на крајот на тоа шестмесечно претседателство да излезе со еден одличен балансиран предлог кој водеше сметка за виталните национални интереси и за Северна Македонија и за Бугарија. Добрата вест е што португалското претседателство заврши“, истакна Стево Пендаровски.

МИЛАНОВИЌ: Не станавте северно-македонци? Се нарекувате Македонци.

ПЕНДАРОВСКИ: Никогаш и нема.

„Кога ќе почнете да влегувате во интимниот простор на една држава и деликатни прашања како право на име, право на јазик, тоа никогаш не завршува добро, посебно ако мотивите се ниски, не мислам дека се ниски, туку опортунистички“, посочи Зоран Милановиќ.

Оваа посета на Пендаровски на Хрватска се случува в очи завршувањето на Португалското претседателство, на што и двајвата претседатели гледаат со восхит. Од утре Словенија е таа која ќе биде на чело на Советот на ЕУ, а тоа велат и двајцата претседатели дека е одлична шанса и момент за земјите од западен балкан да станат дел од европското семејство. На новинарско прашање, коментирана беше и изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеј дека Албанија може и без Македонија да почне преговори со ЕУ. За претседатело Милановиќ изјавата е на политичар кој доаѓа од Унгарија поврзувајќи го со блокирањето на земји во кои живеат муслимани.

„Македонија и Албанија, според мое мислење, се две држави кои на еден безобразен и необјаснив начин се држат пред вратата на Унијата. Преговорите ги започнаа Србија и Црна Гора, тоа навистина траа предолго. Србија треба да се определи дали сака да влезе во ЕУ. Црна Гора без разлика на неодамнешните избори сака, Македонија исто така сака и тоа го прави со една посебна верба, со еден набој на верба и фанатичност и посветеност. Албанија исто така. Уште кога бев избран за премиер престојуваав во Албанија зборував дека Албанија се држи на мраз пред вратите на Унијата. Тоа е доста неинтелегентно“, порача Зоран Милановиќ.

„Морална и исправна позиција е, господа од Албанија повелете напред напредувајте кон ЕУ, бидејќи тоа го заслужувате. Јас мислам дека и Северна Македонија години наназад го заслужува тоа истото, но ако ме прашувате за тоа, не постои ниту ќе има примедба, никаква примедба од Скопје за напредокот на Албанија кон ЕУ, во ситуација кога очигледно поради еден билатерален спор ние сме замрзнати во оваа ситуација. Јас се надевам дека таа ситуација по бугарските избори ќе биде поинаква, и ќе можеме за кратко време веројатно во текот на оваа година да направиме пробив, ако не кој сме ние во Северна Македонија, во Скопје да кажеме немојте да ја пуштате Албанија да прогресира затоа што нас не блокира некоја трета држава“, додаде Стево Пендаровски.

Пендаровски е прв претседател кој доаѓа на гости кај претседателот на Хрватска МИлановиќ, а оваа дводневна средба се случува в очи промената на претседавањето со Советот на ЕУ. Делегацијата ќе остане и утре, за кога најавена и деловна средба, а фокусот ќе биде ставен на инвестициите, како и трговската соработка меѓу двете земји. Јовица Пауноски, ТВ21, Загреб, Хрватска.