Пендаровски: Макрон ме праша кои се забелешките, му кажав дека првиот предлог е само за сликање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека францускиот претседател Емануел Макрон го прашал кои се забелешките за францускиот предлог.

Пендаровски вели дека на тоа му одговорил дека првиот предлог е само за сликање.

„На мојата прва средба со Макрон, ми рече кои се вашите главни забелешки и дали можеме некако да ги удоволиме за да не мораме да одиме повторно во Софија, па таму тие да отворат Парламент и Владата и.т.н. Јас му ги кажав овие работи, не почнуваме преговори, не почнуваме со преговори. Ми вели како не почнувате? Вие имате прва конференција. Ама таа не е отворање, таа е симболична, таа е за сликање… Ако е навистина отворање, дајте скрининг после тоа, бидејќи секогаш кога отвораш преговори, имаш скрининг кој трае 12-14 месеци. Те скенираат во сите области“, вели Пендаровски.

Целото интервју со Пендаровски може да го гледате вечерва во 21:30 часот на ТВ21.