Насочувајќи се на очекуваната вакцинација против корона вирусот и отпорите што се забележуваат во јавноста, претседателот Стево Пендаровски посочи дека недоволно внимание било посветено на ранливоста на граѓаните од пропагандата, дезиндормациите и лажните вести, така што сега преостанува да се справиме со долгорочните последици од недовербата во институциите и во здравствените работници.
-Не смееме да дозволиме во 21 век за вакви сериозни прашања како вакцинацијата да доминираат ставовите на полуписмени експерти и шарлатани, рече Пендаровски.
Претседателот меѓудругото нагласи дека заштитата на најсветото – здравјето треба да биде приоритет, па потоа ќе се најде решение за другите проблеми.
Околу спорот со Бугарија, Пендаровски рече дека никој од оваа генерација на политичари не смее да преговара за идентитетот на јазикот.
Исто така Пендаровски истакна дека интеграцијата во ЕУ нема алтернатива и дека тоа треба да биде патот на Северна Македонија. Да не се губи време со историски прашања, рече Пендаровски во своето обраќање.
-Не познавам ниту еден во државата кој е подготвен да тргнува со идентитетот, затоа да го тргнеме ова прашање од дневната агенда, рече Пендаровски.
Пред неговото обраќање, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извадија транспаренти, а потоа ја напуштија салата во Собранието.
