Пендаровски: Нема потреба од вонредна или кризна состојба во моментов, Владата може да донесе дополнителни мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заклучокот на Советот за безбедност е дека не е потребно да избрзуваме со голо декларирање на евентуално повисоко ниво на некои состојби како што е на пример вонредната состојба или кризната состојба на целата територија, затоа што во овој момент според сите проценки на надлежниот ресор и министер, опасност дека такво нешто може да се случи не постои, истакна вечерва претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

-Според вечерашните проценки, нема потреба, но ако има потреба можеме да препорачаме како Совет за безбедност на Владата да прогласи кризна состојба и во други општини освен во овие две. Да не ја мешаме кризната состојба која е одамна поставена пред четири години на нашата северна и јужна граница, но по друг повод, рече Педаровски.

Според него и според Советот,  не треба да се избрзува со прогласување на кризна состојба на цела територија од две причини.

-Прво, основната е дека нема потреба. Сите надлежни институции деноноќно ја мониторираат состојбата на терен и реагираат фронтно. Значи, прво нема потреба. Второ, јасно е секаде во светот, за жал, кризата ќе трае. Кризата не е тука за да замине за недела или две. Ние мораме ресурсите кои ги имаме и кои не се толку издашни да ги димензионираме спрема реалните потреби и спрема реалните ризици, појасни претседателот Пендаровски.

Тој рече дека заклучокот на Советот за безбедност во однос на целокупната ситуација и во однос на она што министерот за здравство Венко Филипче го изнел како можна проценка за евентуално ширење на болеста на наша територија е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна, адекватна на ризиците на кои сме изложени за што, како што рече,  зборуваат и проценките, и оценките и коментарите на СЗО кои до ден денешен тврдат дека ние сме сигурно државата во целиот поширок регион која најдобро, најдоследно ги имплементира мерките кои се препорачани од СЗО.

Претседателот, меѓу другото соопшти дека вечерва веднаш после Советот за безбедност и Владата ќе одржи итна седница на која не е исклучено дека може да бидат донесени и друг сет на мерки освен овие последните.

Едногласен заклучок на сите членови на Советот бил дека посебно признание треба да им се даде на граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално достојно и коректно без остаток ги применуваат сите препораки кои се на сила во тие две општини поради прогласената кризна состојба.

Претсдателот упати апел во име на Советот за безбедност, граѓаните да ги почитуваат стриктно сите мерки кои се предложени и познати, како и нашите државјани без потреба да не патуваат надвор особено во земји кои се високо, умерено или средно ризични од овој аспект или, пак, оние кои веќе работат таму, без голема потреба, да не се враќаат во својата земја.

-Тие имаат право да го сторат тоа, меѓутоа бидејќи ситуацијата е таква каква е, секој трансфер преку граници и преку неколку територии може да ги донесе во ситуација да бидат во контакт со лица кои се заразени или го носат вирусот во себе и на тој начин и не сакајќи и не знаејќи најчесто да го рашират, истакна Пендаровски.

Во однос на вонредни состојби прогласени кај нашите соседи, преседателот рече дека и без такво прогласување ние за многу повеќе ги надминуваме таквите вонредни мерки кои се преземаат во тие држави, а имаме само во две општини прогласена кризна состојба. Пендаровски рече дека со оваа правна рамка кај нас може да се воведат и одредени мерки за ограничувае на движење без да прогласи вонредна состојба.

Претседателот ги пофали медиумите дека си ја вршат работата на ниво и дека има незначителен мал дел кој шири лажни вести.

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на Претседателот Стево Пендаровски по состанокот со Советот за безбедност

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на Претседателот Стево Пендаровски по состанокот со Советот за безбедност

Gepostet von TV21 am Montag, 16. März 2020
error: Content is protected !!