Пендаровски: Нема преговори за нашиот идентитет!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција по новинарско прашање, околу тоа дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во патот кон ЕУ, но ќе бара Македонија да признае дека идентитетот и јазикот датираат од бугарски корени, јасно посочи дека нема преговори за нашиот идентитет.

„Нема никакви остапки, и не може да има никакви остапки од националните и државните интереси кои подразбираат: Нема преговори за нашиот идентитет“, посочи Пендаровски.