Пендаровски: Очекувам вечерва сите учесници да си подадат рака и да си честитаат еден на друг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски своето право на глас денеска го оствари на избирачкото место 2489 во месната заедница Автокоманда. 

-Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес вечер по завршувањето на гласањето да си подадат рака и да си честитаат еден на друг, изјави претседателот Стево Пендаровски и додаде:

-Сосема е небитно тоа кој ќе биде формален победник вечерва. Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг, рече претседателот Пендаровски кој заедно со семејството го оствари гласачкото право на избирачкото место 2489 во месна заедница во Автокоманда во Општина Гази Баба.