Пред точно една година станавме полноправна членкана Севернолантската алијанса. Патот до членството беше долг и тежок, чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, изјави претсдателот Стево Пендаровски во обраќањето на на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.
– Со тоа ги заокруживме заложбите на повеќе парламентарни состави и влади и ја материјализиравме поддршката која во континуитет ни ја даваше огромното мнозинство македонски граѓани. И пред членството ние ги споделувавме вредностите и принципите на сојузот, спроведуваме реформи во одбраната, се проверуваме на заедничките воени вежби, учествуваме во ризични мирновни мисии и на тој начин активно придонесувавме за нашата и за заедничката безбедност, порача Пендаровски.
Тој нагласи дека бевме свесни дека членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици, бидејќи се тие неминовни за секоја држава во светот, меѓутоа членството е гаранција дека кога ќе се соочуваме нема да бидеме сами и дека нашата подготвеност за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана.
– Нашата прва година од членство токму тоа го потврди. Пандемијата која што започна како здравствена криза брзо прерасна во економска,социјална и еколошка криза. Ние и светот претрпевме непроценливи човечки и огромни материјални штети. Се уште е многу рано да се согледаат сите долгорочни последици од оваа несреќа. Но едно е очигледно. Целиот свет живее во епоха на исклучитена непредвидливост, истакна Пендаровски.
Тој додаде дека во денешниот свет се менуваат не само бројот и интензитетот, туку и карактерот на безбедносните ризици и хибридни закани кои се прекомплексни за менаџирање и за најмоќните држави и токму тука се предностите од членството во НАТО.
