Пендаровски: Ситуацијата во Куманово се влошува, се размислува да се примени моделот од Дебар и Центар Жупа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето по седницата за Советот за безбедност, истакна дека се размислува во Куманово да се воведе кризна состојба, по примерот на Дебар и Центар Жупа.

„Има позитивен развој на настаните во Дебар и Центар Жупа, но ситуацијата во Куманово се влошува. Ќе треба посебен фокус и внимание да се насочи таму, и да размислуваме дали ќе треба да го примениме успешниот модел од Центар Жупа и Куманово. Трендовите се негативни и во Прилеп, а градот останува под засилен мониторинг. Сите служби се фокусирани и деноноќно ја следат ситуацијата. Ќе треба да се размисли дали во овие градови ќе воведеме целосни мерки кои важеа во Дебар и Центар Жупа, или пак дел од тие мерки“, рече Пендаровски.