Пендаровски вели дека би се отселил од Македонија да има 400 евра плата, Османи со плата од речиси 2000 евра вели дека можеби треба да се задолжи (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И натаму се сеќаваме на изјавата на Стево Пендаровски кога кажа дека доколку тој не би бил претседател на земјата, би се отселил поради тоа што просечната плата е 400 евра.

„Просечната плата во мојата држава, и слично во другите држави е околу 400 евра. Па, и јас кога не би бил претседател, би се отселил од мојата земја, од Македонија“, вака кажа претседателот Стево Пендаровски пред неколку години.

Денеска кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи кажа дека ако еден месец не земе плата, ќе треба да се задолжи.

„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи и додаде:

„Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција. Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот“, изјави Османи.