Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра историскиот натпревар против Грузија, за пласман на Европско првенство идната година. Победа носи пласман на собирот на најдобри фудбалски селекции од Стариот континент.
Претседателот Стево Пендаровски денеска му посака среќа на целиот тим.
„Цела држава е зад вас. Имате поддршка, излезете на терен и победете“, им соопшти Пендаровски на репрезентитавиците.
Селекторот, пак, одговори:
„Претседателе, победуваме и чекајте нѐ на плоштад“, рече Ангеловски.
