Пендаровски за ТВ21: „Верските лидери да ги повикаат граѓаните на одговорно однесување“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски за ТВ21 истакна дека дека верските лидери треба да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи.

„Една од клучните работи што ни ги покажа пандемијата со КОВИД-19 е дека без разлика на која заедница припаѓаме, сите еднакво сме под ударот на корона-вирусот и затоа е потребно сите да бидеме одговорни, солидарни и заеднички да го заштитиме здравјето на сите граѓани.“, изјави Пендаровски.