Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 порача дека највисок процент на иселување имаме во општина Ново Село.
Според него, овие бројки се апсурдни.
„Замислете една општина која е погранична со огромна шанса и потенцијал, со извонредно плодно земјиште и со релативно лесна комуникација до Струмица и другите центри, значи не и недостига регионален развој. Потенцијали постојат но иселувањето е најголемо“, вели Пенов.
