Висок државен функционер на Пентагон, тврди дека пандемијата со коронавирусот во САД ќе трае неколку месеци, но и дека војската ќе продолжи да помага во борбата против вирусот.
Пандемијата на вирусот во САД досега придонесе да починат 660 лица, а заразени се повеќе од 50 илјади.
Претседателот Доналд Трамп размислува за повторно отворање на економијата откако идната недела истекуваат 15-дневните рестриктивни мерки кои ги донесоа властите во САД.
