Пентагон: Војната во Иран досега ги чини САД 25 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за одбрана на САД, Пик Хегсет се појави пред Конгресот првпат од почетокот на војната против Иран, за да го оправда барањето на администрацијата на Трамп за буџет за одбрана од 1,5 трилиони долари за фискалната 2027 година.

Хегсет рече дека предлогот за буџетот на претседателот „ја одразува итноста на ситуацијата“, објави Ал Џезира. Во исто време, Пентагон објави и дека војната во Иран досега ги чинела САД околу 25 милијарди долари.

Обраќајќи се пред пратениците, Хегсет го бранеше барањето на Белата куќа за зголемување на буџетот за одбрана, наведувајќи дека Трамп има намера да ја врати американската одбранбена индустриска база „во воена состојба“.

Тој рече дека ја „поздравува“ дискусијата за Иран и го повтори ставот на Трамп дека САД нема да му дозволат на Иран да развие нуклеарно оружје и дека преговарачите работат на постигнување договор.

„Најголемите противници со кои се соочуваме во моментов се неодговорните, неефикасни и поразителни изјави од демократите во Конгресот“, рече Хегсет.

На прашањето како Белата куќа планира да го принуди Иран на нов нуклеарен договор, Хегсет рече дека САД мора „да ги доведат до точка каде што ќе седнат на маса и ќе се откажат од него“.