Кога го слушаме зборот „Cinderela” веднаш не асоцира на Пеплашка, но всушност „ Cinderela“ е проект кој има за цел намалување на урбаниот отпад но и искористување на отпадот како ресурс. Директорот на Градежниот институт Влатко Иванов вели дека конечно успеале запоставениот материал да го искористат како употреблив материал.
„Со овој проект со своето име прекрасна метафора Пепелашка, нашите европски партнери и ние успеавме да овозможиме еден дел од тој запоставен материал, да го вратиме во нов сјај и во исто време да ја заштитиме природата. Да им овозможиме профитабилна економија на компаниите кој ќе ја применат во производство и секако да ја ангажираме заедницата“, вели Иванов.
Индустрискиот отпад-троска добиен од печките за топење на отпадно железо ќе обработува во квалитетен градежен материјал кој се искористи за асфалтирање и изградба на преградни блокови.
„Досега хаварината и филтерската прашина беа веќе користени како полу-прозводи за друга индустрија и тоа е процес што подолго време постои, но беше проблем бидејќи ни остануваше троската. Со овој проект со сертифицирање на овој полу-производ ние имаме производ кој може да се користи во градежната индустрија“, рече Цветковски.
Инаку „Cinderela“ е комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран на можностите за намалување на урбаниот отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија.
