Пеплосан ресторан во центарот на Скопје – пожар прекина свадба, за среќа гостите брзо се евакуирале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пламенот кој ја зафати кујната на ресторанот „Рагуза360“, ја прекина свадбата која се организираше во оваа просторија која е сместена на покривот на катната гаража „26 јули“ во Скопје.

Гостите навреме беа евакуирани заедно со вработените.
На помош дојдоа и пожарникарите кои со противпожарни скали се качија до кровот на гаражата.

Пожарникарите пред да интервенираат за гаснење на овој пожар, интервенирале и на друга локација. Велат дека и двете мисии биле успешно извршени.

За среќа нема повредени, но има материјална штета.